
Дебата „Разноликост во известувањето на централните информативни изданија кај најгледаните ТВ-канали во Македонија“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонскиот институт за медиуми.
На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе биде презентирана и анализа, која се заснова на мониторинг на централните информативни изданија на осумте најгледани ТВ-канали на национално ниво.
Дебатата е дел од проектот “#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера”, финансиран од Европската Унија.
МИА