Невозвратена љубов причина за маскрот во Тексас

Убиената тинејџерка Шана Фишер (16)  од Тексас само две недели пред да биде убиена, заедно со уште седум други ученици и двајца наставници во средното училиште во Санта Фе, била толку многу исплашена од убиецот Дмитриос Пагуртис па ги предупредила родителите дека ќе ја убие.

Нејзиното семејство открило дека 17-годишниот Пагуртис цели четири месеци и досаѓал на Шана со цел да му биде девојка, пред таа  конечно да му се спротистави на една недела пред убиството и му рекла да запре.

Таа била и неговата прва цел, ја убил во надлудничавиот масакр застрелајќи ја во лицето, оставајќи го нејзиното тело непрепознатливо, а потоа почнал да пука и кон останатите.
Неговата опсесија со девојката за сега е единствениот мотив за масакрот, иако теоријата допрва треба да биде потврдена од адвокатите и обвинители.

 

Таткото на Шана, Тимоти Томас (41) изјави дека неговата ќерка претскажала дека Пагуртис ќе ја повреди.

Пред две недели  ѝрекла на мајка и дека ќе ја убие. Таа шеташе со овие мисли во главата две недели. Тој постојано и се наметнуваше и бараше да излезе со него, но таа го одби. Наводно, веќе имал девојка и немала чувства за него. Каква личност е тоа што смета дека соодветен одговор е да ја убие и нејзиниот клас?, вели Томас, кој побара смртна казна за убиецот.