
Германиската фабрика за оружје „Хеклер и Кох“ е обвинета дека подмитувала политичари на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Слободната демократска партија (ФДП) за да можат да испорачуваат пушки во кризните подрачја во Мексико.
Од документите на Јавното обвинителство во Штутгарт и внатрешната преписка на концернот произлегува дека „H & K“ за време на периодот 2009-2010 година безуспешно се обидувале да испорачаат пушки „Г-36“ и муниција во мексиканскиот провинции кои ја потресувале немири, пренесува магазинот „Репорт“ на германската радио-телевизија АРД .
Бидејќи федералната влада со месеци одбивала да им даде дозвола за извоз на оружје, администрацијата избрала „политички пат“ да го испорача оружјето, го цитира „Репорт“ мејлот на „H & K“ од март 2010 година „Поради ова е потреба што е можно поскоро да донираме средства на Христијанско-демократската унија, но и многу приемчивиот ФДП“, пишува во мејлот.
донации група Финансиската управа на концернот донациите ги водела во книгите како „политички донации“, по 10.000 за ЦДУ и ФДП.
Од електронската пошта се дознава дека станува збор за пратениот и сегашен претседател на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот, Волкер Каудер, како и пратениците на ФДП, Елке Хоф и Ернст Бургбахер, кои веќе не се членови на Парламентот.
Хоф била партиски претставник за политичка безбедност, а Бургбахер од 2009 до 2013 беше државен секретар во сојузното министерство за економија, во чија надлежност бил и извозот на оружје.