
Драмскиот театар повторно има проблеми кога времето е врнежливо, па така и вечерва кровот прокисна и дождот врнеше исто како и надвор.Од видеото кое се споделува на социјалната мрежа Фејсбук може да се види, но и да се слушне дождот кој врне внатре во театар.
Луѓето кои се затекнати внатре се обидуваат брзо да ја напуштат просторијата и да го избегнат дождот.
Невремето кое вечерва го зафати Скопје предизвика и прекин на струјата во Драмскиот театар среде претстава. Додека секаде во светот театрите работат кога врне, нашата публика стои пред вратите на Драмски, а претставата е прекината.
https://www.facebook.com/kamaj.net/videos/1825253187537778/