Казна затвор од четири години за неквалитетен мазут

Скандалот со неквалитетна нафта повторно го тресе регионот. Приштинскиот суд за кривични дела во Косово изрече затворска казна од 4 години за сопственикот на „ХИБ Петрол“, Кујтим Бакалиу, кој ќе треба да исплати и 15 000 евра на судот.

Неговата компaнија од 2012-та до 2014-та снабдувала училишта во Приштина со мазут за кој институциите докажале дека содржи 80 проценти над дозволените граници сулфур, елемент кој ја загадува животната средина.