Ковачев: Бугарија не е консултирана за предлогот, на кој Илинден мислите?

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев изјавил дека предлогот Република Илинденска Македонија ја изненадил Бугарија.

Предлогот не’ изненади, а и никој од нас во Бугарија не беше консултиран. Многу е важна неговата интерпретација, дали алудира на првиот Илинден или на оној вториот, комунистичкиот. Ако со предлогот Република Илинденска Македонија се мисли на оној вториот, комунистичкиот Илинден, односно АСНОМ, не сме баш многу среќни, изјавил Ковачев за МИА .

За бугарскиот европратеник, најприфатливо име би било Република Македонија (Скопје), со оглед дека е јасно грчкото барање за географска или временска одредница.

Ковачев додава дека „поради Владата на Груевски Македонија изгубила 11 години и не сторила ништо за решавање на спорот“.