
Аргентинскиот тенисер Николас Кикер, во моментов 84 играч на светот е суспендиран поради местење на два натпревари на челинџер турнирите во Падова и Баранкуиља во јуни и септември 2015 година.
Веста за суспензијата 25 годишниот Аргентинец ја дочека пред настапот на Ролан Гарос, каде што нормално нема да се појави, а кога повторно ќе заигра ќе биде дополнително одредено. Моментално е суспендиран на неопределено време, но се очекува дека би може да добие доживотна суспензија.
Единицата за интегритет на тенисот (TIU) објави дека Кикер не е само виновен за откривање на исходите од неговите мечеви, туку и дека не пријавил обид за подмитување и не соработувал во истрагата.
Кикер е 37 тенисер по ред кој е санкциониран од TIU од неговото основање во 2008 година и втор најдобро рангиран по Даниел Колерер. Најдобар ранкинг Аргентинецот имал лани во јуни кога бил 78 на АТП на листата.