Хрватска со најголем број на туристи по глава на жител

Хрватска е земја со најголем број на туристи по глава на жител во светот, иако Шпанија, Грција, Франција и Тајланд се сметаат за најпопуларните дестинации за летни одмори, покажува индексот на аавстралиската компанија за патувања „Интерпид“.
малку е изненадувачки што студијата ја става Хрватска во првите редови на светот со најголем број туристи по глава на жител.

Преубавиот, но и прескапиот остров Исланд, кој бележи импресивен туристички бум во изминатите неколку години, каде доаѓаат по шест туристи по глава на жител е на второто место зад Хрватска, која има 14 туристи по глава на жител, највисока во светот.

Како што пишуваат австралиските и британските медиуми, Хрватска во 2016 година примила 57,5 милиони туристи, а нејината популација е 4,17 милиони луѓе.

Британските медиуми велат дека оваа информација тешко дека ќе изненади некого поради прекрасниот брег на Јадранското Море и природна убавина, а во последниве години е омилено место и аџилак на фановите на најгледаната серија „Игри на троновите“ која се снима во Дубровник.

Во Исланд има 334.250 жители, а во 2016 тие привлекле 1,8 милиони туристи.

Треторангирана е Унгарија според степенот на преоптеретеност од туристите. Оваа држава во 2016 година ја посетиле 52 милиони или пет по глава на жител.
Во првите десет земји се Франција, Данска, Чешка, Сингапур и Шпанија. Големата популарност меѓу локалните жители не е секогаш пожелна, па Италија неодамна презеде чекори за да му помогне на локалното население подобро да се справи со туристичката публика.

Па така во Венеција на најатрактивните локации се оградени рути само за туристи, со цел да се намали притисокот врз чувствителни на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на животот на жителите.

На другиот крај на скалата, според непопуларноста меѓу туристите, е Папуа Нова Гвинеја. Оваа пацифичка островска држава со 8 милиони жители има само 198.000 туристи годишно.
„Интерпид“ истражувањето го спроведе во рамките на нивниот прв Индекс на авантуристички патувања, која ги истражува навиките на патници преку туристичките агенции.