
Швајцарскиот десен бек 34-годишниот Стефен Лихтштајнер, кому ова лето му истекува договорот со Јувентус, би требало да ја продолжи кариерата во Арсенал, објавија во саботата британските медиуми.
Лондонските „топчии“ му нудат на Лихтштајнер повеќегодишен договор и би требало да биде првото засилување на Арсенал кој во новата сезона од клупата ќе го води Унаи Емери.
Лихтштајнер кариерата ја започна во швајцарски Грасхоперс, а потоа играше за француски Лил и италијански Лацио, а во Серија А кариерата ја продолжи во Јувнентус во 2011 година. Со торинската „Стара дама“ освои седум титули во првенството на Италија и двапати беше поразен во финалето на Лигата на шампионите.