
Три лица се здобиле со повреди во сообарќајна несреќа на две возила што се случи денеска околу 11:20 часот на улица „Илинденска“, во Тетово.
Во сообраќајката кај крстосницата на Тетовскиот Универзитет учествувале автомобил „рено меган“ со тетовски регистарки таблички управуван од 27-годишниот Ф.Б. од село Стримница и патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од 23-годишниот тетовец A.A.
Од несреќата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, и сопатничката од Меганот, 27-годишната К.Б. исто така од Стримница.
Тројцата се наоѓаат во Тетовската клиничка болница.
Како последица на сударот меѓу возилата, оштетен е семафорот и електричен столб.