
Меѓународен автобус изгоре од удар од гром на североистокот од Грција, а во несреќата нема повредени, соопшти противпожарната служба на Грција.
Громот удрил во автобусот за време на врнежите во попладневните часови во близина на границата со Турција.
Автобусот се запалил, а возачот го сопрел возилото и ги евакуирал патниците.
Пожарот го гаснеле осумнаесет пожарникари со шест противпожарни возила.