
Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл, најави дека неговата земја, доколку е потребно, ќе ги направи „непропустливи“ своите граници. Во соопштението до агенцијата АПА, Кикл вели дека се формира гранична и полициска единица за странци, која ќе може итно да реагира и да ја направи “непропустливата” граница за илегалната миграција. Оваа единица ќе биде подготвена од јуни, а Кикл на овој начин реагира на новите податоци за порастот на илегалната миграција на Балканот.
Министерот истакна дека не смее да се повторат 2015 и 2016 година, кога Австрија се соочи со несовладливиот бран на бегалци.
Ако постојните опции за гранична контрола не се доволни, границите ќе се направат непропустливи за бегалците, изјави Кикл, додавајќи дека ситуацијата се анализира секојдневно.
Министерот за надворешни работи очекува брзо распоредување на новата единица која ќе брои меѓу 500 и 600 луѓе, кои ќе можат да дејствуваат во секое време за да ги затворат границите за илегалните мигранти. Единицата ќе поседуба соодветна опрема, како што се контејнери, опрема за гранична заштита и мобилна ограда.
Ние сме подготвени да застанеме на нашите граници, рече министерот.
Тој потенцира дека миграционите движења внимателно се следат и дека границите, доколку е потребно, ќе бидат затворени и тоа „навистина затворени“.
Кикл најави дека телефонски ќе контактира со своите колеги по должината на рутата од Грција до Словенија и ќе им каже дека во случај на случајот, Австрија ќе ги направи границите непропустливи за да го спречи евентуалниот нов бегалски бран уште од самиот почеток.
Тоа значи дека акциониот план за граѓанско-воена акција за заштита на граница, усвоен минатата година, сега ќе биде активиран. Исто така, како што е најавено, на 6 јуни, по иницијатива на Австрија во Салзбург ќе се одржи форум на генералните директори на полициите на балканските држави.