
Вицепремиерот на Косово, Евнер Хоџај, тврди дека Белград одбива да соработува со Приштина во врска со убиството на Оливер Ивановиќ и дека одговорите за убиството се кријат во Белград.
Четири месеци по убиството на Ивановиќ, Србија одбива да соработува со Косово, бидејќи сакаат да ја сокријат вистината и да ја попречат правдата. Неговото убиство има корени во деструктивната српска политика и одговорите се кријат во Белград, тврди Хоџај на својот профил на Твитер.
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, пак, претходно изјави дека Србија е заинтересирана да се реши убиството на Оливер Ивановиќ, но дека не гледа подготвеност за соработка од властите во Приштина.
Тој истакна дека нема размена на информации во врска со убиството и го повик ЕУЛЕКС да биде повеќе вклучен во решавањето на овој случај.