5.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

Силно невреме го погоди Сараево (ВИДЕО)

Сараево денеска го погоди силно невреме, пропратено со обилни врнежи, грмотевици и град.

За кратко време падна големо количество дожд, улиците се поплавени, поради што сообраќајот е отежнат.

Издадено е жолто предупредување за подрачјето на Сараево, Бихаќ, Тузла, Ливно, Вишеград, Фоча и Мостар.

Според податоците на хидрометеоролошкиот завод, исти временски прилики, се очекуваат и во наредните денови.