
Фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка. Владата на Зоран Заев и министерот Драган Тевдовски до 2021 година според нивната фискална стратегија ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра, рече на прес-конференција портпаротлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Според него Заев кога стана премиер, а Тевдовски министер, долгот на државата беше 4.7 милијарди евра, а тоа значи дека за оваа и наредните две години Заев и Тевдовски ќе го зголемат долгот на државата за нови 1.5 милијарди евра, а секое четиричлено семејство до крајот на мандатот на оваа криминална Влада ќе биде задолжено за близу 13.000 евра.
Целата катастрофа е уште поголема кога ќе се анализира вкупната состојба. Економијата тоне, државата се презадолжува, а капитални инвестиции нема. Според податоците на Министерството за финансии во првите четири месеци реализацијата е под 11%. Доколку расипничката и неспособна влада продолжи вака, капиталните расходи нема да се реализираат повеќе од 40% што е еднакво на огромна катастрофа. Тука се поставува прашањето каде одат милијардите со кои што се задолжуваат Заев и Тевдовски, а кои на крај ќе ги плаќаат граѓаните – вели Арсовски.
Тој објасни дека само во првите 3 месеци од 2018 година „картелот“ на Заев ја задолжил државата за над 300 милиони евра нето, економијата и бројките се загрижувачки, а Македонија оди во пропаст.
Граѓаните се уплашени и загрижени. Картелот на Заев освен личниот интерес, не го интересира ништо друго, рече тој.
Арсовски објасни дека ја нема ветената просечна плата од 500 евра , нема повисоки пензии , нема 600 километри автопат, нема ниту 100.000 денари плата за докторите, нема нови студентски домови, нема никакви капитални инвестиции.
Ова лудило и расипништво мора да престане. Криминалниот картел мора да се разбие и да падне. Затоа, сите заедно на 2 јуни во 20 часот, да им кажеме дека сме против погрешните политики на овој картел кој што владее со нашата држава, повика Арсовски.
https://www.youtube.com/watch?v=WZGVt57X18U