
Двајца мажи на мотор вчера извршија брутално убиство во центарот на Белград каде во 20 часот и 30 минути изрешетаа сопственик на автоперална.
Се работи за 43-годшниот Драгослав Милорадовиќ кој се срушил до црвен автомобил, а убијците избегале веднаш, па полицијата распиша потерница.
Според очевидец, изгледало како жртвата да се знае со напаѓачите, пренесе српскиот Курир.
По убиството тој лежел во крв, а брзо пристигнале семејството и пријателите.
Се чекаат детали.