
Холандија отсекогаш била и ќе продолжи да биде пријател и партнер на Македонија и да ја поддржува нејзината евро-атлантска интеграција врз основа на строг и правичен пристап. Ова го изјави холандскиот амбасадор Ваутер Пломп.
Го забележуваме напредокот што македонските институции во текот на изминатата година го направија во спроведувањето на реформите, меѓу другото и во областа на владеење на правото. Во овој момент е важно да се види понатамошно одржување и продлабочување на овие реформи преку континуирано спроведување на новото законодавство. На 26 јуни Советот за општи работи на Европската Унија ќе решава за препораката на Европската комисија за почеток на преговорите, вели тој.
Додава дека поддршката од Холандија ќе продолжи.