
Во случајот „Траекторија“ четворица поранешни високи владини функционери се осомничени дека во 2012 и во 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
За случајот „Тарифа“ поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“, Дејан Бошковски и уште други две лица се сомничат за малверзации при набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“.