
Доколку надлежните институции и ЕЛЕМ, како компанија која стопанисува со Охридското Езеро, не преземат наjитно мерки за стабилизирање на восокот ниво на Охридското Езеро, еснафот на угостители и жителите од крајезерските населби најавија дека ќе поднесат соодветни пријави за да ги заштитат своите интереси, бидејќи секојдневно трпат штети од надојденото Езеро.
Охриѓани велат дека немаат против Езерото да се користи како акумулација за производствио на електрична енергија, но тоа никако не смее да биде на штета на граѓаните. Предупредуваат дека и при најмало струење на водата угостителските објекти на крајбрежјето се поплавуваат и не можат да работат нормало. Дополнително високиот водостој негативно се одразува и на сезмичката стабилност на објектите.
Засегнатите граѓани очекуваат помош од локалната самоуправа во справување со последиците од високиот водостој, посочувајќи дека објектите на крајбрежјето биле градени согласно урбанистичките планови. Но во изманите три децении на крајбрежјето се изградија и бројни платформи, мостови и разни други доградби во езерските води. Општината најави помош уште во март кога Охрид беше погоден од невреме, прецизирајќи дека надомест на штета нема да има за објектите во и покрај езерото кои незаконски се изградени.