
Името на високиот севернокорејски функционер Ким Јонг-чол било на списокот на патници за денешниот лет од Пекинг за Вашингтон, а потоа неговата резервација била сменета за утре и за друга дестинација – Њујорк, јавија јужнокорејски медиуми.
Медиумите шпекулираат дека функционерот на Пјонгјанг патува во САД за да учествува во подготвителните преговори за можната средба меѓу американсиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Ким Јонг-чол е поранешен шеф на воената разузнавачка служба на Северна Кореја, а сега е потпретседател на Централниот комитет на владејачката партија задолжен за меѓукорејски односи.
Некои од светските агенции јавија дека нивни телевизиски екипи го виделе Ким Јонг-чол на аеродромот во Пекинг.