Воз удрил во бетонско столбче кај Смоквица

Патнички воз бил оштетен вчера кај железничката станица „Смоквица“, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил во 17.05 во близина на Железничката станица, кога патнички воз, кој сообраќал на релација Гевгелија- Скопје, удрил во бетонско столпче поставен на пругата .

Притоа од ударот бил оштетен предниот дел на возот, кој го продолжил патувањето до Скопје. Истиот ден околу 19.45 часот на истото место и товарен воз кој сообраќал на истата релација наишол и удрил на поставени предмети на пругата.

Возот го продолжил патувањето без оштетувања.