
Ајфеловата кула во Париз пред два дена била погодена од гром за време на олуја, а моментот бил забележан од камерите на француската метеоролошка станица. Неверојатниот момент успеал со својот фотоапарат да сними и фотографот Бертан Кулик. Фотографијата е објавена на веб-страницата Rumble.
„Беше наелектризиран ден, времето беше апокалипично. Бев во мојот стан и прозорецот беше отворен. Кога почна невремето го зедов фотоапаратот и се надевав дека ќе фатам барем дел од молња на небото“, рече тој.