Без струја објекти на булеварот Војводина

Од Цантарот за управување со кризи информираат дека од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување оти поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат- во периодот од 6 до 10.30 часот, дел од корисниците на улица Козара од бројот 1 до бројот 20 и еден дел од улицата Шарски одреди, во периодот од 8.30 до 12 часот, дел од корисниците на улицата Партизански одреди број 39, зградата спроти Градежен факултет.

Во периодот од 8.30 до 11.30 часот, корисниците од село Сопиште улиците 1, 5 и 7, од 8.30 до 11.30 часот објектите на „Славија“, „ТВ 24“, „Бетон Скрепер“, „Бриколаж“, „Нептун“ и булевар Војводина. Без струја
во периодот од 9 до 11.30 часот, ќе бидат дел од корисниците од село Катланово, односно потрошувачите од десната страна од автопатот Скопје-Велес.