
Данска ѝ се придружи на групата европски земји кои го забранија носењето облека што го покрива лицето, вклучувајќи ги и исламските велови, како што се бурка и никкаба.
Пратениците во данскиот парламент ја усвоија оваа одлука со 75 гласови за, 30 против и 74 воздржани. Предлог-законот го поднесе десничарската владејачка коалиција.
Владата соопшти дека законот не е насочен против една религија или го забранува носењето шамии, турбани или традиционалното еврејско капче.
Коментаторите велат дека оваа мерка, главно, е фокусирана на облека што ја носат конзервативните муслимански жени. Во Данска, мал број муслимански жени носат велови прекунивните лица, објави АП.
Законот стапува во сила на 1 август, а за неговото прекршување е пропишана парична казна од 1.000 круни или 156 долари.
Слични закони претходно биле усвоени од Австрија, Франција и Белгија.