Му го украле моторот од гаража

Yamaha X-Max (Ямаха Х-Макс) 2016 года.

Скопјанец останал без својот мотор кој му бил украден од гаража во центарот на Скопје.

Според полицијата, вчера во СВР Скопје, Е.М.(39) пријавил дека завчера на улицат Тодор Александров, во подземна заедничка гаража од зграда, му бил одземен мотоцикл „Јамаха Х Макс 400“.

Крадецот на непознат начин го стартувал мотоциклот по што го напуштил местото. Според Е.М.. вредноста на моторот е околу 450.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.