
Барањата на текстилниот кластер да добијат субвенции од државата се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Царовска кажа дека на 1 мај кога имале средба со Организацијата на работодавачи и била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и текстилниот кластер се согласил со тоа.
„Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат субвенциите. Сметам дека она што тие го бараат е неприфатливо за Владата, затоа што бараат да се анулираат придонесите во Фондот “– рече Царовска.
Од текстилниот кластер вчера побараа да добијат субвенции за компаниите и да се врати нормата за исплата на минимална плата.
Тие побараа 50 проценти од придонесите да бидат на товар на државата.