Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, а попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Максималните дневни температури на истокот од земјата ќе се движи од 23 до 30 Целзиусови степени, додека во западните региони ќе се движи меѓу 29 и 34 степени.
Во Скопје и околината на главниот град максималната дневна температура ќе достигна 32 Целзиусови степени.
Во текот на викендот и во почетокот на наредната работна седмица и натаму ќе се задржи топло, а нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има на повеќе места низ земјава.