
Германец од Инџиково бил фатен во шверц на мигранти, информираше МВР.
РЦ Север до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.М. (27) од Р.Германија, со место на живеење во село Инџиково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
На 31.05.2018 година во 22,30 часот на автопатот Скопје-Куманово после наплатната рампа „Романовце“, од страна на Мобилна царинска екипа било забележано патничко моторно возило „даимлер – гренд војаџер“ со тетовски регистерски таблици како стои на коловозна лента. При извршениот увид констатирано е дека во возилото, кое го управувал А.М. има 13 мигранти (четворица од Авганистан, тројца од Пакистан и шестмина од Бангладеш меѓу кои и едно малолетно лице). Возачот на возилото е приведен во СВР Куманово, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар во Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на А.М. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.