
Прилепска „Победа“ со 2:1 го победи „Борец“ во бараж дуелот кој се играше во Струмица, па и следната сезона ќе се натпреварува во Првата лига.
Ивановиќ во осмата минута постигна прекрасен гол за водство на Победа од 1:0, а Велкоски во 29. зголеми на 2:0. Кудијан во 56. минута го намали резултатот на 2:1, но амбициозниот тим од Велес не успеа да постигне уште еден гол.
Натпреварот мина во тензична атмосфера, и двете екипи ја посакуваа победата. Во финишот двајца играчи, по еден од двете екипи добија црвен картон, а имаше санкции и по крајот на мечот кога имаше мала мешаница на средина од теренот.