![DSC_4926[29576]](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/DSC_492629576.jpg)
Првата фаза од изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш започна денеска, а би требало да заврши за три години. Во првата фаза ќе се изградат 23,5 километри, а целата делница од патот е во должина од 40 километри. Целокупниот проект тежи 47 милиони евра.
Со дозволена брзина од 110 километри на час, граѓаните ќе може да возат по две коловозни ленти, широки 3,5 метри. Предвидени се и две ленти за застанување од по два метри. Изградени ќе бидат 11 мостови, 22 пропусти, 3 натпатници и 2 потпатиници.
Изведувач на проектот е австриската фирма „Штрабаг“.