Прегазен малолетник на велосипед

Велешанец со автомобил удрил во дете на велосипед, денеска во Велес.

Според МВР, сообраќната несреќа се случила околу 8.20 часот на крстоницата од улицата Борис Трајковски со улицата АСНОМ. Тогаш автомобил „фолксваген голф“ што го управувал  З.Ж.(59) од Велес удрил во велосипед управуван од 13 годишно дете од Велес.

Детето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општата болница во Велес каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.