Роси прв ќе стартува утре во Муџело

Легандата на мото-спортот, Италијанецот Валентино Роси освои пол позиција на денешните квалификации на патеката Муџело и ќе стартува прв на утрешната трка пред домаќните навивачи.

„Докторот“ не беше најбрз во ниту еден од тренинзите, но затоа кога беше најважно, извозе рекорден круг и за неколку стотинки беше побрз од ривалите кои мора да се напомене дека беа исклучително блиску. Добра вест за Роси е и тоа што Марк Маркез ќе старува само од шестото место.

Денеска, одличен беше и Хорхе Лоренцо кој го освои второто место, а првиот стратен ред го комплетира Маверик Вињалес кој со ова го потврди добриот ден на Јамаха после подолго време. Во вториот стартен ред во кој Маркез е на крајот, друштво му прават Андреа Јаноне и Данило Петручи, а зад него се Андреа Довициозо, Кал Крачлоу и Жоан Зарко.

Инаку за Роси ова беше прва пол-позиција во Мото ГП по трката во Јапонија од 2016 година, а утре дефинитивно ќе има голем императив и мотив да победи на Муџело каде последен пат славеше пред домашните фанови во 2008 година.