
Летонски пожарникар спасил човек кој висел на четврти спрат од зграда, откако го фатил за нозе преку прозорец еден спрат подолу. Неговиот потфат бил снимен од колегите, и за кусо веме стана хит на социјалните мрежи.
Членови на летонскиот пожарникарски и спасувачки тим добиле итен повик за спасување минатата недела, дека сомнително лице виси на четвртиот кат од зграда.
https://www.facebook.com/Latvianfirefighters/videos/2200601706622336/?t=0
Не сакајќи да ризикуваат, спасувачите одлучиле да ја спроведат акцијата за спасување на невообичаен начин. Кога пристигнале на местото на настанот тие се поделиле во два тима, една единица останала пред облакодерот за да ја растегне заштитната мрежа, додека дел од останатите почнале да се спуштаат од покривот со помош на планинарска опрема.
Дел влегле во стан во вертикалата каде висел човекот, па еден пожарникаризлеггол до половина низ прозорецот, а друг го држел за појасот за да не падне. Неколку секунди подоцна и жртвата била вовлечена низ прозорецот.
За нивната храбра и брза акција за спас на човечкиот живот, пожарникарите ќе бидат наградени.