
Првата половина од овој месец е резервиран за македонската машка ракометна репрезентација која се соочува со нов предизвик, бараж пресметката со Романија за пласман на Светското Првенство во Данска и Германија во 2019 година.
Мечот број еден го играме на домашен терен (10 јуни) во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, а билетите веќе од денеска се пуштени во продажба по цена од 100 (горни трибини) и 200 денари (долни трибини). Истите можат да се најдат на сите продажни места на МК Тикетс и можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.
Вториот меч од баражот се игра на 13 јуни во Клуж.