
Хокеарите на „Вашингтон Капитолс“ за прв пат по 13 години одиграа на домашен терен натпревар од финалето на Стенли купот и победија со 3:1 во третиот нтпревар од финалето на НХЛ лигата. Тимот од Вашингтон сега има водство од 2:1 во серијата подобар од седум, против изнeнaдувањето на лигата, дебитантите „Вегас Голден Кнајтс“.
„Капитолс“ се сега на два натпревари од освојување на купот, ако го добијат наредниот натпревар на свој терен, но ќе треба да го повторат и брејкот во Вегас, како пред неколку дена.
Натпреварот беше решен во втората третина која „Вашингтон“ ја доби со 2:0, со головите на Александер Оветчкин и Евгениј Кузњецов, Деванте Смит-Пејли. Чехот Томаш Носек погоди во третата третина за ублажување на поразот.