
Осумнаесетгодишна девојка пријавила во полиција дека била нападната од непознат маж во дискотека во Градскиот парк.
Според информациите на МВР, вчера во раните утрински часови, околу 5 и 50 часот, А.В. (18) пријавила во полиција дека истиот ден околу 03.00 часот во дискотека во Градски Парк била физички нападната од непознато машко лице. Кога влегла во дискотеката и додека се качувала по скалите да оди на горниот дел, физички била нападната од непознато лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.