Донација на „Бора“ за Клиниката за гинекологија и акушерство

ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје секогаш цели кон напредок на негата вршејќи најсложени видови на здравствена заштита. Нејзината клучна грижа се бебињата и поради тоа што таа совршено се вклопува со мисијата на Бора, таа донираше голем дел од сопствените производи за најмалите.

Низ годините успеваме да оствариме квалитетна соработка со компаниите како Бора. Благодарение на нив секогаш ни се отвора пат да ја развиеме нашата работа. Со производите на Бора ќе се грижиме за најмалите, но  посебно битно е дека ќе се надмине досегашната пракса родителите сами да купуваат пелени за своите новороденчиња, така што ова навистина ќе го рекласира и тој дополнителен трошок на родителите, истакна Драгана Букилица, портпарол на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.

Овој вид на соработка помеѓу институциите и приватните компании е важно за зголемување на значењето на општествената одговорност со тоа што додатно се поттикнуваат сите кои се во можност да направат нешто повеќе за заедницата. Затоа Бора и ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство ќе продолжат со остварување на ваквиот начин на работење.