
Една од светски најпочитуваните организации за човекови права „Хјумен рајтс воч“ ги повика политичките лидери во светот да ја бојкотираат церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал во Русија, поради руската улога во сириската војна.
Не смееме да ги затвориме очите пред ужасните злосторства што се одвиваат во Сирија”, изјави Ендрју Строхлајн, директор за медиуми на Европската филијала на ХРВ.
Откако ќе почнат натпреварите, тогаш сето тоа е насочено кон спортот, како што треба и да биде. Но свеченото отворање е поинакво. Тоа е политички настан. Тоа е моментот кој Владимир Путин ќе сака да го искористи за сопствена пропаганда, рече Строхлајн.
Иако потенцира дека тоа не се однесува на ФИФА, Строхлајн истакнува дека заради поддршката на злосторничкиот режим на Асад, заедничките бомбардирања во кој загинаа стотици, ако не и илјадници цивили во Сирија, никој не треба да учествува во оваа прослава која ќе ја величи Русија.