
Oглас за нови привремени членови на Државната изборна комисија (ДИК) е објавен, а функционалноста на ваквата комисија ќе биде со времетраење од шест месеци, и најверојатно ќе биде надлежна да го реализира најавениот референдум за името и евентуално предвремени парламентарни избори.
Составот ќе биде од пред ткн Пржинскиот модел, што значи дека претседателот на ДИК ќе го даде опозицијата и мнозинство од власта. Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, во уизјава за ТВ 24 рече дека доколку се постигне решение во спорот со името со Грција, одржувањето на најавениот референдум може да биде проблематичен, бидејќи ДИК не е формирана па оттаму спорно е кој ќе го прочистува избирачкиот список за кој вели дека е клучен елемент за референдум.
„Според најавите и следното решение ќе биде еден вид со партиски членови. ДИК не работи во моментов, предвремени избори се можни и референдум. Најопасната работа е што нема ДИК“, рече Новаковски.
ДИК нема да се реформира онака како што одговара на демократските стандарди потребни за спроведување слободни избори, затоа потребно е севкупна професионализација но и нејзино оттргнување од политичките влијанија, спета Џабир Дерала претседател на невладиониот ЦИВИЛ Центар за слобода. Дерала посочува дека целокупниот изборен систем сѐ уште е проблематичен што ги донедува во прашање дури и следните избори.
„Се прават одредени подготовки кои може да значат подготовка за предвремени парламентарни избори“, рече Дерала.
За ваквото решение за шестмесечен привремен состав на ДИК беа согласни сите парламентарни партии и измените на Изборниот законик, во делот на ДИК беа донесени едногласно. Инаку, членовите на последниот состав на ДИК си поднесоа оставки, со исклучок на претставничката на Беса, откако во јавноста беше обелоденето дека земале големи надоместоци.