
Француското министерство за образование донесе нов закон според кој на учениците им се забранува носење мобилни телефони во кругот на училиштето. Се очекува новите правила да стапат во сила пред почетокот на новата учебна година.
Мобилните телефони се технолошка предност, но не може да го монополизираат нашиот живот. Не можете да го пронајдете својот пат во технологијата ако не сте во состојба да читате, пишувате, да работите како тим и да ги почитувате другите, изјавил министерот за образование, Жан-Мишел Бланке.
Владејачката партија во новиот закон предлага мобилните телефони да им бидат забранети и на наставниците, што веќе наишло на отпор кај синдикатот на просветните работници.
Поддржувачите на законот пак, се едногласни во тврдењата дека користењето на современите паметни телефони меѓу децата го поттикнува насилството, го олеснува пристапот до порнографска содржина и ја попречува способноста на младите да се интегрираат во општеството.