Фронтмените на пропагандата за промена на името менувале ставови во зависност од жиро сметката

Професорот Димитар Апасиев во емисијата „6о минути со Горан Момировски“ на телевизијата Алфа рече дека власта сака да се одмазди и дискредитира интелектуалците кои се потпишаа на барањето за прекинување на преговорите со Грција и дека не го чуди дека биле „плукани“ од подржувачите на премиерот Зоран Заев.

Очекувано е ако се знае со какви карикатурални ликови располагавме како опоненти. Цврсто стојам на ставот дека треба да се прекинат преговорите за името. Инаку, не броеле колку сме потписници, но петицијата стана вирална па сега има веќе 13.000 луѓе. Кружат шпекулации дека на првите 20-ина им се чешлаат досиета како тие докторирале, магистрирале и слично. Со душа чекам да го видам запсиникот за мене. Уште немам официјални податоци како што имав за Рашковски, па кога ќе имам официјално ќе ги споделам со јавноста. Сето ова збори за мизеријата на нашите политилки опоненти. Видете, јас со иста жестина го критикував режимот на Груевски, но немав вакви реперкусии, што значи дека Македонија од еден се движи во друг режим условно кажано, вели Апасиев.

Професорот се осврна на проблемот со преговорите за името од аспект на промена на ставовите на актулените подрувачи на договорот што го промовира Владата и потсети на книгата која го обработува проблемот со Грција, а на која уредници заедно со професорот Светомир Шкариќ, се Апасиев и Владимир Патчев. Станува збор за истражување на 700 страници на ниво на монографија за спорот на која работеле две генерации студенти. Книгата има 800 страници во веријата на англиски јазик, а се подготвува и на германски јазик.

Со одговорност тврдам дека е најдобрата книга напишана за името, а на која работеа 20 студенти сега професори асистенти, адвокати… Тоа е педантна истражувачка студија со резолуции, ставови, буквално буквар за проблемот со името. Книгата е скенер на лицемерието на актуелните фронтмени на пропагандата за промена на името, ќе видите како тие со текот на годините ги менувале своите ставови во зависност од тоа која жиро сметка ќе им проработела. Еве на пример Фрчковски во 2008 вели без двојна формула нема решение за името, сега вели нешто друго, да се прифати. Министерот Никола Димитров велеше дека уставното име е последниот бастион и столб на државноста, а сега заговара промена…Едни исти ликови низ годиниве без око да им трепне си ги менуваат ставовите од радикални испревртени позиции во зависност од тоа која лоби група работи подобро, што кажува за нивнииот кредибилитет, вели Апасиев.

Тој објасни дека името не го брани од националистички политики и визии и му се туѓи мавтања со знамето на „виргина“ , туку од типично автентични левичарски приозиции на самоопределување.

Левице е единствената партија која со грчките парии комуницира со нашето уставното име. Ние за два месеца имаме седум гостувања на наши членови на левичарски конференции каде не ословуваа со уставното име без никаков проблем….Не сите Грци националисти, вели професорот.