Лавовите конечно ќе ги решат проблемите, Скорпиите да внимаваат на љубомората

ОВЕН

Внимавајте да не се заглавите во деталите на некоја работа, на сметка на пошироката слика. Не си дозволувајте работата да ја преземе сета ваша ментална и духовна сила и не ги повторувајте истите грешки повторно. Бидете поотворени за нови влијанија и умешност сега.

БИК

Успешно се справувате со тешкотиите на ментален и личен план и не дозволувате нечесноста на другите да влијае врз вас. Можеби ќе се обидете да исправите некоја срамна ситуација, со голема посветеност, трпение и несебичност. Успешно избегнување на несреќа.

БЛИЗНАЦИ

Разберете дека мора да се менувате за да ги смените и работите кои доаѓаат во вашиот живот. Најважна е перцепцијата, а со која може да ги избегнете погрешните одлуки. Немањето на имагинација и неволност да пробате нешто ново може да ве блокираат целосно.

РАК

Денес правите пауза среде битка за да се подготвите подобро. Внимавајте и не се форсирајте премногу бидејќи тоа може да е контрапродуктивно. Прашајте се дали работите со мудрост или според своите инстинкти. Испочитувајте ја својата рецептивна страна,повлечете се.

ЛАВ

Сега сте спремни да се соочите со храбри и предизвикувачки ситуации, такви од кои што другите се плашат. Имате јасна цел пред себе и силна интелигенција, па ќе говорите со убеденост и големо влијание. Брза иницијација или завршница на некој проблем или конфликт.

ДЕВИЦА

Добро ќе биде да најдете време за пауза во која ќе ги евалуирате своите успеси до сега. Можеби треба да направите сериозни финансиски решенија, а кои ќе бараат трпение и истрајност. Размислете добро за статусот на вашата работа и вашите идни опции. Мудрост.

ВАГА

Моќна победа – денес ќе напредувате само преку храбра акција, а промените ќе бараат употреба на дополнителна сила. Со умешност постигнувате ред, а комплицираните ситуации ги решавате со моќна убеденост. Вашата дисциплина, труд и личен напор сега се исплатуваат.

СКОРПИЈА

Сега ве навјасуваат негативни емоции и станувате себични, несреќни и фокусирани на губитоците – на домашен и надворешен фронт. Внимавајте на неодлучноста, паранојата и потенцијалната љубомора, штитејќи ги блиските и семејството. Не им попувајте на останатите.

СТРЕЛЕЦ

Денес чекате – сѐ стои, па така морате и вие да причекате поповолно време. Обидете се да ја надминете себичната, материјалистичка и недоверлива природа, правејќи ги потребните жртви. Сложете се со останатите, но слушајте го и својот внатрешен глас. Разлики.

ЈАРЕЦ

Се приближувате кон неочекуван предизвик, но задржете ладна глава и резон ако се соочите со нефер личности. Внимавајте на можен воајеризам, шпионажа или плеткање во вашите најинтимни работи од страна на итри поединци. Само со добри аргументи успевате сега.

ВОДОЛИЈА

Внимавајте на можната суета, лаги и нејаснотии во вашите најблиски врски. Го постигнувате она што од секогаш сте го сакале, но не се предавајте на преголеми уживања во храната, пијалаците и физичките задоволства. Минувате низ период на плитки задоволства сега.

РИБИ

Цврсто се држите за постигнатото во страв дека ќе го изгубите, а на тој начин самите се креирате препреки и ви фали оригиналност и доверба за потребните проекти. Не верувајте дека сигурноста ја носат финансиите, туку нешто далеку поесенцијално. Заборавете на недовербата.