Полицијата со пиштол смирувала тепачка во Штип

Пијан штипјанец со автомобил удрил во тезга, па во два автомобили вчера во Штип, па полицијата со пиштол морала да ги смирува страстите, информираа од МВР.

Инцидентот се случил околу 19 часот на крстосницата од улиците Мирче Ацев и Вита Поп Јорданова кога автомобил, што го управувал пијан 26-годишен возач удрил во тезга за продажба на производи.

Тој потоа удрил во две паркирани возила по што се степале возачот и двајцата сопатници со сопственикот на тезгата и негови двајца роднини, кои во меѓувреме пристигнале на негов повик.

Полицајците дошле на местото околу 19.10 часот за да воспостават ред и мир и да ја прекинат тепачката, но учесниците се оглушувале на дадените наредби да престанат да се тепаат. Тогаш еден од полицајците со пиштол испукал еден куршум во воздух по што тепачите се смириле.