(ВИДЕО) Привремено запрена потрагата по преживеани во вулканската ерупција во Гватемала, сега 100 мртви

Потрагата по преживеани во смртоносните ерупции на гватемалскиот вулкан Фуеко привремено е прекината во четвртокот поради опасните услови за спасувачите, додека бројот на загинатите се искачи на стотина, соопштија властите на оваа латиноамериканска земја.

Портпаролот на националната агенција за управување со природни катастрофи CONRED, Давид де Леон, го предупреди населението да стои понастрана од сѐ уште опасното подрачје.

Бројот на мртвите во низата ерупции којашто започна во неделата постепено расте и сега ги има стотина, соопшти полицијата. Околу 170 лица сѐ уште се водат за исчезнати.

Спасувачките екипи со сите сили трагаат по преживеани и жртви во областа прекриена со лава. Силните ерупции исфрлиле вулканска пепел врз блиските градови. Спасувачките напори околу вулканот ќе бидат продолжени штом се подобрат условите на теренот, соопштија од CONRED.