
Унгарската влада ќе покрене оваа есен голема измена во уставот на земјата, најави во петокот премиерот Виктор Орбан.
Унгарскиот претседател изјави дека разговорите за измените на уставот која стапи на сила на 1-ви јануари 2012 година, ќе започнат во септември и според неговите процени би можеле да траат околу година и половина.
Орбан, кој оствари надмоќна победа на парламентарните избори во април, не изнесе денеска дополнителни поединости за уставните реформи.
Владејачката коалиција предводена од неговата партија Фидеш освои двотретинско мнозинство во парламентот што ѝ овоможува измени на уставот.
Според нагаѓањата една од главните цели на измените во највисокиот законски акт на земјата е да ѝ се оневозможи на Европсјата унија да ја натера Унгарија да прима имигранти.