
Италијанските научници и готвачи тврдат дека направиле рецепт за пица која штити од рак и од срцеви заболувања.
Tие неодамна ја претставија пицата „Паскалина“ чие име би можело да се протолкува како „пица која го продолжува животот„ или „антитумор пица“.
Поентата на овој рецепт е што оваа омилена брза храна повеќе не содржи мрсни сирења и месо, кои се првите асоцијации за срцеви заболувања.
Состојките вклучуваат домати, маслинки, маслиново масло, лук и лути пиперки. Здравите состојки се избрани поради тоа што го намалуваат ризикот кардиоваскуларните болести и некои видови рак на дигестивниот систем.
Научниците веќе долго време ја препорачуваат медитеранската исхрана, а истражувањата покажуваат дека таа помага во борбата со прекумерната телесна тежина, ракот и срцевите проблеми.
Тајната можеби лежи во ликопенот, антиоксиданс кој го има во доматите.