
Турција на големо се подготвува за претстојните претседателски избори на 24 јуни, а во кампањата која е во тек, клучниот кандидат за таа позиција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, ветил дека ширум земјата ќе бидат отворени Киратхане, “Народни кафeaни“ во кои на граѓаните во текот на 24 часа ќе им се нудат бесплатни колачи, кафе и чај.
Со Божја волја наскоро ќе направиме чекор понатаму и ќе отвориме Народни кафeaни. Таму ќе можат и младите и старите да дојдат, да седнат и со бесплатно кафе, колачи и чај да ги прочитаат весниците или некоја книга, изјави Ердоган на предизборниот собир во југоисточната покраина Хатај.
Културата на пиење чај и кафе во Турција е стара неколку стотина години, а во 2013 година на списокот на УНЕСКО за нематеријално културно добро е додаден посебниот начин за подготвување на турското кафе.