ВИДЕО Агим Јонуз ја напушти „Само вистина“ во дуелот со Филип Петровски

Политичкиот аналитичар Агим Јонуз го напушти вечерашното издание на „Само вистина“ на Канал 5, каде гостуваше со Филип Петровски.

За мене велат дека сум самобендисан, ама претпоставувам се возбудуваш и ти во огледало кога се гледаш – му кажа Јонуз на соговорникот, на што Петровски реагираше со зборовите „Вие сте попиле малку пред емисија“.

Водителката се обиде да ја смири ситуацијата, но Јонуз го остави микрофонот и си замина, при што му рече на Петровски: „Ти си мочко за мене“.