Кинескиот претседател доби руска сауна од Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на посетата во Кина му подари необичен подарок на неговиот домаќин Си Џинпинг.

Рускиот претседател Владимир Путин на Кинескиот претседател Си Џинпинг му подари оригинален и необичен подарок – вистинска руска сауна.

Путин вчера му го предал подарокот на домаќинот , а веќе денеска двајцата лидери потпишаа договор за основање нов инвестициски фонд со капацитет од 1,5 милијарди јуани ( 234 милиони  американски долари). Преку овој фонд ќе им се овозможува финансиска поддршка на проектите во Русија и во Кина. Крајната цел е фондот да достигне капитал од 5 милијарди јуани.

Во делегацијата заедно со Путин на средбите со Си Џинпинг присуствува и Рускиот милијардер Олег Дерипаска , сопственик на најголемата компанија за производство на алуминиум.