
Американскиот претседател Донадл Трамп им порачал на челниците на седумте индустриски најразвиени земји дека САД сакаат итно отстапување од трговските практики коишто довеле до егзодус на американските компании и работните места во другите земји.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата седмица ги разгневи своите партнери во Г7 со воведувањето царини на челикот и алуминиумот од Канада, Европската унија и Мексико коишто првично до 1-ви јуни беа изземени три месеца од оваа мерка, истакна дека ќе остане на своите ставови сѐ додека САД не добијат „праведен“ пристап на пазарите.
„САД со децении и децении се искористувани“, изјави Трамп на прес-конференцијата во саботата по вториот ден од дводневниот самит во канадската покраина Квебек.
Американскиот претседател откри дека на другите челници им советувал да се укинат сите бариери, вклучително и царините и субвенциите. „Доколку одиме без царини, тогаш одиме без бариери и субвенции“, истакна Трамп.
Ги отфрли тврдењата дека на самитот имало кавги, што е во спротивноста со тврдењата на еден од учесниците на самитот на Г‘ кој во петокот за медиумите брифирал дека имало жестока расправија за царините меѓу американскиот претседател и неговите колеги. Во текот на „невообичаената“ размена на ставовите на Трамп кој на собирот го повторил своето незадоволство околу статусот на американската трговија, особено во односот со Европската унија и Канада, открил функционер од француското претседателство за новинарите.
„Така започна долгото ламентирање со противобвиненија, на моменти огорчени тврдења дека САД се третирани неправедно, дека трговскиот систем особено е неправеден кон оваа земја, нејзината економија, работниците и средбата класа“. Накусо, долг и искрен испад кој без сомнение е многу необично во овие форми“, заклучил Французинот.
Францускиот претседател Емануел Макрон, на Трамп му одговорил „со пристоен но строг тон“ за да му ја претстави европската страна на приказната, а се придружил и јапонскиот премиер Шинзо Абе.
И покрај очигледните несогласувања, на кои европските челници го одбија и предлогот на Трамп Русија да биде вратена во групата Г8 од која беше исклучена поради нејзината наводна улога во украинската криза, многу е веројатно дека Г7, којашто ја сочинуваат САД, Јапонија, Канада, Германија, Велика Британија, Франција и Италија, ќе донесе заедничка изјава на крајот на самитот, пренесуваат агенциите повикувајќи се на дипломатски извори. Имајќи предвид дека Трамп на самитот пристигна по работната дебата за рамноправнсота на половите, како и дека го напушти пред дискусиите за климатските промени и состојбата на океаните и веќе отпатува кон Сингапур каде што на 12-ти јуни го очекува многу значајната средба со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, на заедничката прес-конференција најверојатно другите членови на Г7 ќе бидат критични кон Вашингтoн.